18/07/2008
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Владата во четвртокот (17-ти јули) потпиша договор за купување две користени фрегати од финското претпријатие Патрија. Вкупната вредност на договорот изнесува 10 милиони евра. Порачката е дел од напорите на Хрватска за модернизација на флотата и нејзино прилагодување на стандардите на НАТО. Земјата доби покана за влез во НАТО во април, за време на самитот на Алијасата во Букурешт. Како дел од договорот во четвртокот, Патрија се согласи да обучува хрватски морнари и да обезбеди технологија и резервни делови за следните десет години. (AФП, ХРТ - 17/07/08)