18/07/2008
АТИНА, Грција -- Полицијата во четвртокот (17-ти јули) притвори повеќе од 100 нелегални имигранти од Азија, кои наводно се криеле на гробишта во близина на југоисточната граница со Турција. Групата, која главно ја сочинуваат луѓе од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, успеала да се скрие таму откако употребила чамци на пумпање за да премине од Турција во Грција. Грчките погранични власти уапсија еден од тројцата осомничени шверцери кои й помогнале на групата. (Катимерини - 18/07/08; AФП - 17/07/08)