18/07/2008
ХАГ, Холандија -- Апелационата комисија на Хашкиот трибунал за воени злосторства во четвртокот (17-ти јули) ја потврди пресудата за поранешниот југословенски генерал Павле Стругар за неговата улога во бомбардирањето на хрватскиот град Дубровник во 1991 година. Стругар (75) доби казна затвор од осум години во јануари 2005 година, за неговата вмешаност во кампањата против цивилите. Обвинителите велат дека тој не го спречил нападот врз градот и покрај тоа што имал информации дека тоа ќе се случи. Стругар командувал на денот на бомбардирањето, во кое загинаа две лица и беше предизвиката голема штета. Иако ја потврдија пресудата, судиите во четвртокот одлучија да ја намалат казната на Стругар за шест месеци поради неговата возраст и здравствени проблеми. (Вечерњи лист, РТС, Блиц, АФП, АП, Ројтерс - 17/07/08)