18/07/2008
СКОПЈЕ, Македонија -- Опозициските Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Либерал-демократската партија, Новата социјалдемократска партија и Нова алтернатива, сите членки на коалицијата Сонце, во четвртокот (17-ти јули) го напуштија парламентот поради апсењето на градоначалникот на Струмица и заменик-претседател на СДСМ Зоран Заев. Тој се соочува со обвиненија за злоупотреба на службената должност во врска со нелегалните дејства во изградбата на трговски центар во Струмица. Претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, рече дека апсењето е политички потег на Министерството за внатрешни работи со цел да се одвлече вниманието од новоформираната коалицијата помеѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и Демократската унија за интеграција на етничките Албанци. „Ова е кршење на правниот систем со цел елиминирање на опозицијата“, рече Шеќеринска. Заев беше ослободен доцна во неделата по 12 часа испрашување. (A1, Дневник - 18/07/08; Сител, Канал 5, Макфакс, МИА - 17/07/08)