Поранешниот романскит претседател Илиеску го напушти парламентот

18/07/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Поранешниот претседател и поранешен водач на Социјалдемократската партија (ПСД) Јон Илиеску во четвртокот (17-ти јули) објави дека нема да се кандидира за парламентот на изборите во есен. Во изјавата на својот личен блог, Илиеску објасна дека неговата одлука не значи дека тој ќе ја напушти политиката или ПСД, во која останува почесен претседател. „Просто и едноставно, повеќе не сум заинтересиран за натпреварот од гледна точка на изборната кампања“, рече Илиеску, објаснувајќи дека сака да им отстапи место на помладите кандидати. Илиеску беше прв претседател на Романија по соборувањето на комунистичкиот режим на Николае Чаушеску во 1989 година. (Ромпрес, Медиафакс - 17/07/08)