Бугарската опозиција планира напори за отповикување на претседателот Парванов

18/07/2008

СОФИЈА, Бугарија -- Опозициските партии во четвртокот (17-ти јули) одлучија да отпочнат разговори за процедурата за отповикување на претседателот Георги Парванов за неводни врски со бизнисменот Људмил Стојков. Тој се споменува во извештајот на Канцеларијата за борба против измамата (ОЛАФ) како некој кој бил вклучен во шеми на перење пари и ги користел парите од програмата на ЕУ САПАРД. Стојков беше спонзор на изборната кампања на Парванов. Претставниците на опозицијата, вклучително и Демократите за силна Бугарија, ја напуштија седницата на Консултативниот совет за национална безбедност во четвртокот, откако Парванов одби да ја започне седницата одговарајќи на прашања за извештајот на ЕУ. Тој свика состанок на кој ќе се разговара за неодамнешните експлозии во складиштето на армијата во Челопечене. (БНР, Дневник, Нетинфо, Дарик - 17/07/08)