18/07/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Пратениците во четвртокот (17-ти јули) повторно не го ратификуваа Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со ЕУ, како и енергетскиот договор со Русија и владината резолуција за Косово. Различни процедурални потези што ги иницираше опозицијата блокираа поголем дел од седницата. Главен проблем беше предлогот на владејачката коалиција да се разговара за ДСА и косовската резолуција заедно, со оглед на нивната блиска врска, според членовите на владејачката Демократска партија (ДС). Опозициските партии одбија да продолжат и дадоа сé од себе да ја одложат процедурата. Седницата продолжува во петок.
Исто така во четвртокот, Саша Вукадиновиќ беше назначен за нов директор на националната безбедносна служба, по оставката на Раде Булатовиќ. Вукадиновиќ има значително искуство во спроведувањето на законот и беше дел од операцијата Сабја, која започна пред убиството во март 2003 година на премиерот Зоран Ѓинѓиќ. (Б92, Бета, Танјуг, Фонет, Блиц - 17/07/08)