ЕУ може да ја санкционира Бугарија поради мито

17/07/2008

БРИСЕЛ, Белгија -- Европската комисија (ЕК) се очекува да наметне финансиски санкции врз Бугарија поради тоа што не успева да ја разбие корупцијата и ја предупреди Софија дека може да изгуби повеќе финансиски средства на ЕУ ако проблемот продолжи, објави Ројтерс во средата (16-ти јули). Иако набљудувачите очекуваат ЕК да ги критикува Романија и Бугарија за корупција во своите годишни извештаи за земјата, кои ќе бидат објавени на 23-ти јули, само Бугарија се соочува со ризик да изгуби 500 милиони евра кои ЕК ги замрзна. (Ројтерс, БТА, БНТ, ЕУ Опсервер, Дарик, Дневник, Медиапул - 16/07/08)