Известувачот на турскиот Уставен суд советува да не се забранува АКП

17/07/2008

AНКАРА, Турција -- Известувачот на Уставниот суд, Осман Чан, во својот извештај вели дека владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) не треба да се забранува, објавија турските медиуми во средата (16-ти јули). Претседателот на Уставниот суд, Хасим Килиќ, во средата објави дека членовите на судот го добиле необврзувачкиот документ. Извесувачот изразува уверување дека забраната на АКП ќе биде несразмерна со нејзините дејства, со оглед на тоа што не претставува вистинска закана за секуларниот карактер на државата, објави СНН Турк. Судот не ја почитуваше препораката на известувачот во последните клучни пресуди. (Сабах, Радикал, Заман - 17/07/08, Хуријет, СНН Турк, АНА-МПА, Катимерини - 16/07/08)