Груевски ќе одржи последен круг разговори пред да ја објави новата владејачка коалиција во Македонија

04/07/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Мандаторот Никола Груевски ќе одржи уште еден круг разговори со Демократската унија за интеграција, Демократската партија на Албанците и Партијата за европска иднина, соопшти владиниот портпарол Ивица Боцевски. Груевски оствари трет круг консултации со трите партии во четвртокот (3-ти јули). Боцевски ги негираше гласините дека разговорите завршиле без успех, велејќи дека преговорите се одвиваат според планираното. Весникот „Утрински весник“ цитираше неименуван извор, според кој коалицискиот договор ќе биде потпишан в понеделник. (Утрински весник, Дневник - 04/07/08; Maкфакс, А1 ТВ - 03/07/08)