03/07/2008
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Премиерот Иво Санадер во средата (3-ти јули) изјави дека верува оти францускиот претседател Николас Сакрози, кој рече дека нема да има понатамошно проширување на ЕУ без ратификација на Лисабонскиот договор, сака да го забрза процесот на ратификација давајќи таква изјава. Франција го презеде ротирачкото претседателствување со ЕУ претходно оваа недела. Во интервјуто за една локална телевизиска станица, Санадер рече дека верува оти споменувањето на Хрватска во овој контекст претставува метод на предупредување на земјите што го поддржуваат пристапот на Хрватска да ја забрзаат ратификацијата на Лисабонскиот договор. Санадер додаде дека останува сигурен во финалниот исход: членството во ЕУ за Хрватска. (Вјесник - 03/07/08; ХИНA - 02/07/08)