02/07/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Американскиот амбасадор во Белград, Камерон Мунтер, во вторникот (1-ви јули) официјално побара апсење и екстрадиција на Миладин Ковачевиќ, 20-годишниот српски кошаркар кој минатиот месец избега во Њујорк откако беше обвинет за обид за убиство. „Овој случај е врвен приоритет за американската влада“, рече Мунтер. Претходно оваа недела Србија го отпушти својот заменик-конзул во САД, Игор Милошевиќ, откако откри дека тој издал нелегален пасош за итни случаи со цел да му помогне на Ковачевиќ да избега од САД. Ковачевиќ играше кошарка за Универзитетот Бингхемптон во Њујорк. На 4-ти мај тој, наводно, скоро смртно претепал еден колега-студент по расправија во бар. Жртвата и понатаму е во критична состојба. (AП, Њујорк тајмс, САД Тудеј, Танјуг - 01/07/08)