01/07/2008
НИКОЗИЈА, Кипар -- Првата пратка на вода од Грција стигна до сушниот остров Кипар доцна во понеделникот (30-ти јуни). Властите рекоа дека танкерот пристигнал на јужното крајбрежје од островот, во близина на Лимасол, нешто по полноќ. Кипарскиот министер за земјоделство, Андреас Полиникис, рече дека Грција се согласила да продаде 8 милиони кубни метри вода до 15-ти ноември. (AФП, Ројтерс, АНА-МПА, Катимерини, КАН, Филелефтерос - 30/06/08)