01/07/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Полицијата на Република Српска во понеделникот (30-ти јуни) претресе 22 локации во масовната рација против шверцот со дрога, оружје и луѓе. Полицијата во градот Требиња спомена неколку апсења, но не образложи, освен дека е во тек паралелна рација во кантонот Херцег-Неретва.
Во другите вести, во експлозија на мина во неделата загинаа двајца мажи, додека сечеле дрвја на 120 километри северно од Сараево. Од борбите во 1990-тите досега имаше околу 1.500 вакви експлозии на нагазни мини, што резултираше со 400 мртви. (РТРС, Фена, АП - 30/06/08)