Ѓелиќ предвиде кандидатски статус за Србија во ЕУ во декември

01/07/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Вицепремиерот Божидар Ѓелиќ во понеделникот (30-ти јуни) рече дека смета оти Србија би можела да добие кандидатски статус во ЕУ на самитот на Унијата што започнува на 11-ти декември. На прес-конференцијата Ѓелиќ рече дека го заснова своето предвидување на фактот што проевропската коалиција предводена од Демократската партија на претседателот Борис Тадиќ ќе има мнозинство во новата влада, што може да доведе до појасно изразена интегративна политика во ЕУ. Тој додаде дека очекува ЕУ да ги укине влезните визи за српските туристи и за кратките бизнис посети до крајот на оваа година.

Во меѓувреме, локалните медиуми продолжија да известуваат дека формирањето на новата влада е многу близу и дека гласањето за доверба би можело да се одржи в петок. (Блиц, Вечерњи новости, Данас - 01/07/08)