01/07/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Претседателот Борис Тадиќ ги повика африканските земји да не ја признаваат независноста на Косово. Во обраќањето на самитот на Африканската унија во понеделникот (30-ти јуни) во египетскиот град Шарм ел-Шеик, Тадиќ рече дека Србија планира да го изнесе својот спор со Косово пред Меѓународниот суд на правдата. Тој побара од африканските земји да го поддржат обидот на Србија да добие дозвола од ОН да му се обрати на судот во септември. Тој рече дека Африка е запознаена со отцепувањето и сепаратистичките конфликти и дека случајот со Косово може да претставува преседан. Само три африкански земји досега ја признаа независноста на Косово: Сенегал, Буркина Фасо и Либерија. (Блиц - 01/07/08; Бета, Танјуг, РТС, Б92 - 30/06/08)