Романската нуклеарна централа даде знак за тревога поради истекувањето киселина

30/06/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Властите во неделата (29-ти јуни) дадоа знак за тревога во романската нуклеарка Чернавода, по истекувањето хидрохлорична киселина на паркингот. Вработените ја неутрализираа киселината и го прекинаа истекувањето. Официјален претставник рече дека се работи за мал инцидент кој не претставува закана за безбедноста на централата.

Во другите вести, две лица загинаа во саботата, а уште едно беше хоспитализирано откако поминале седум часа заробени во стар рудник за злато во западниот округ Хунедоара. Полицијата вели дека тројцата влегле во забранетиот рудник за да крадат старо железо. (Mediafax, Rompres, Makfax - 29/06/08)