30/06/2008
AНКАРА, Турција -- Државниот министер Курсад Тузмен во неделата (29-ти јуни) предложи формирање заедничка индустриска зона на турско-ирачката граница, за да се овозможи слободно движење на стоките и услугите помеѓу двете земји. Соопштението за ова дојде на турско-ирачкиот бизнис форум во Багдад. Тузмен рече дека Турција сака индустриска зона во регионот Басра за да ги зајакне инвестициите, особено во енергетскиот сектор. Предлогот дојде пред историската посета на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган на Ирак следната недела. (Tркиш прес - 30/06/08; Хуријет, СНН Турк, новинска агенција Анадолу, Заман - 29/06/08)