ОБСЕ повика на поддршка во градењето мултиетничко општество во Косово

30/06/2008

АСТАНА, Казахстан -- ОБСЕ ги повикува сите земји да го поддржат процесот на градење мултиетничко и толерантно општество во Косово, рече во неделата (29-ти јуни) генералниот секретар на ОБСЕ, Марк Перин де Брикамбо. Во обраќањето на годишната седница на Парламентарното собрание на ОБСЕ во главниот град на Казахстан, тој рече дека ОБСЕ ќе ги поддржи демократските процеси во Косово и ќе има за цел да изгради посилни структури на локалната самоуправа што ќе ги делат вредностите на ОБСЕ.

Во другите вести од неделата, Танјуг објави дека косовскиот министер за транспорт и телекомуникации, Фатмир Лимај, официјално побарал Косово да добие меѓународен телефонски повикувачки број и интернет домен. Лимај на економскиот форум во Монако рекол дека тој потег ќе ги олесни меѓународните комуникации со Косово. (Taнјуг, РИА Новости, веб-страница на ОБСЕ - 29/06/08)