30/06/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Министерството за надворешни работи во неделата (29-ти јуни) објави дека го отпушти српскиот заменик конзул во САД, Игор Милошевиќ, откако истрагата утврдила дека тој му помогнал на српскиот државјанин Милан Ковачевиќ -- обвинет за обид за убиство во Бингхемтон, Њујорк -- да ги напушти САД издавајќи му илегален пасош за итни ситуации. Министерството започна понатамошни дисциплински мерки против Милошевиќ. Двајца сенатори на Њујорк, Чарлс Шумер и Хилари Клинтон, инсистираат на тоа Србија да го уапси Ковачевиќ и да го екстрадира назад во САД. (Tанјуг, Б92 - 30/06/08)