Хрватска ќе ги поднесе сите преостанати документи за пристапот во ЕУ

30/06/2008

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Земјата планира да ги поднесе сите преостанати документи потребни за процесот на пристап во ЕУ до понеделник (30-ти јуни), рече Владимир Дробњак, хрватскиот главен преговарач со ЕУ за весникот Вјесник. Документите ги претставуваат позициите на Хрватска за преговарачките поглавја што сé уште не се отворени, вклучително и чувствителни области како што се судските реформи и борбата против корупцијата. Европската комисија одлучи да објави детален патоказ за последната фаза од разговорите за пристап. Според најоптимистичкото сценарио, Хрватска ќе ги заврши разговорите следното лето, а ќе стане членка на ЕУ во 2011 година. (Вјесник, Вечерњи лист - 30/06/08)