30/06/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Водачите на владејачката коалиција во Федерацијата на БиХ (ФБиХ) ќе се состанат на 9-ти јули на разговори околу последните предизвици со кои се соочува владата, изјави во саботата (28-ми јуни) заменик-претседателот на ФБиХ, Мирсад Кебо, во интервјуто за весникот Дневни аваз. Тој објасна дека состанокот, првично закажан за вторник, беше одложен за да можат да присуствуваат водачите на сите четири партии во владата на ФБиХ -- Партијата за демократска акција, Партијата на БиХ, Хрватската демократска заедница БиХ (ХДЗ) и ХДЗ 1990. Седницата ќе се фокусира на решавањето на буџетските прашања и управувањето со промените во големите државни претпријатија, контроверзно прашање неодамна помеѓу главната бошњачка и хрватска партија.
Во другите вести, илјадници босански муслимани во неделата отидоа на аџилак во клисурата за која веруваат дека Алах ја создал во близина на планината Ајватовица. Верниците го обновија 7-километарското патување, откако истото беше забрането повеќе од половина век од страна на комунистичките владетели. Легендата датира од средината на 15-тиот век кога Турците ја окупирале босанската територија. (Дневни аваз, НТВ Хајат, Фена, АФП - 29/06/08)