30/06/2008
AНКАРА, Турција -- Обвинителството и одбраната ќе ги претстават клучните аргументи оваа недела, во случајот против владејачката Партија на правдата и развојот (АКП). Главниот обвинител Абдурахман Јалцинкаја ќе се обрати пред Уставниот суд во вторник (1-ви јули), додека членовите на АКП ќе ја претстават својата одбрана в четврток. Судот потоа ќе одлучи дали да ја забрани АКП, која се соочува со обвиненија дека ја поткопува секуларната природа на државата.
Во другите вести, белгиската полиција им предаде на турските власти копија од 200-те досиеја за забранетата екстремно левичарска Револуционерна народно-ослободителна партија-Фронт (ДХКП-Ц). Архивските информации го покриваат раководството на организацијата, структурата и активностите. Полицијата ги заплени документите од скривалиштето на ДХКП-Ц во Белгија. Групата, активна од средината на 1970-тите, се смета за терористичка организација од страна на САД и ЕУ. (AФП, Фајненшал тајмс, Прес ТВ - 30/06/08, Хуријет - 29/06/08, Сабах - 28/06/08)