30/06/2008
СКОПЈЕ, Македонија -- Второто прегласување во 15 избирачки места во неделата (29-ти јуни) заврши мирно и без нарушувања, според претседателот на Државната изборна комисија, Јован Јосифовски. Властите го повторија гласањето во одреден број села со албанско население, каде што насилството и нерегуларностите ги нарушија двата претходни круга. Ако нема приговори, властите ќе ги потврдат резултатите. Во неделата амбасадорот на ЕУ во Скопје, Ерван Фуере, рече дека изборите „траеја премногу долго“.
За време на посетата во петокот, американскиот заменик помошник државен секретар, Розмари ди Карло, рече дека Македонија треба брзо да ја формира новата владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и да продолжи со спроведувањето на реформската агенда за евроатланската интеграција. На прес-конференцијата со Ди Карло, македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, рече дека очекува новата влада да биде формирана за две недели, со учество на најмалку една партија на етничките Албанци. (MИА, Макфакс, МРТ, А1 ТВ, АП - 30/06/08; Maкфакс, МРТ, А1 ТВ - 27/06/08)