29/06/2008
БРИСЕЛ, Белгија -- Албанија во петокот (27-ми јуни) се приклучи на програмата за конкурентност и иновации на ЕУ. Меморандумот на разбирање преку кој земјата се приклучи на столбот на претприемништво и иновации на програмата од 3,6 милијари евра, беше лотпишан од страна на заменик-претседателот на Европската комисија задолжен за претпријатијата и индустријата, Гунтер Верхоген, и албанскиот министер за економија, трговија и енергија, Генц Рули. Албанија е петтата земја во групата кандидатки и потенцијални кандидатки на ЕУ што влезе во програмата. (веб-страница на ЕУ, БТA - 27/06/08)