29/06/2008
ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Данска во петокот (27-ми јуни) објави дека го ратификуваше Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) на Црна Гора со ЕУ, потпишан на 15-ти октомври 2007 година. Земјата со тоа стана шеста членка на ЕУ што го ратификуваше ДСА на Црна Гора, по Естонија, Словенија, Унгарија, Австрија и Бугарија. (Политика, Вијести - 28/06/08; РТЦГ, веб-страница на владата - 27/06/08)