29/06/2008
СКОПЈЕ, Македонија -- Гласачите во 15 избирачки места во неделата (29-ти јуни) излегоа на гласање по третпат за еден месец, за да ги изберат парламентарните членови. Гласањето на 1-ви јуни мораше да се повтори на 15-ти јуни поради нарушувања и насилство во овие региони, од кои некои се случија повторно истиот ден. Вкупно 14.551 лице или 0,82 отсто од сите Македонци можат да гласаат на овој трет повторен круг. Коалицијата предводена од актуелниот премиер Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, претходно обезбеди мнозинство во парламентот. Партијата преговара со водачите на двете партии на етничките Албанци -- Демократската унија за интеграција и Демократската партија на Албанците -- во обид да се формира влада. Разговорите може да продолжат до средината на јули. (MИА, Макфакс, Фокус - 29/06/08; Нетпрес, А1 - 28/06/08)