Русија, Индија и Кина го поддржуваат продолжувањето на разговорите во врска со статусот на Косово

15/05/2008

МОСКВА, Русија -- Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека властите на Русија, Индија и Кина сакаат да видат продолжување на разговорите помеѓу Белград и Приштина за конечниот статус на Косово, иако Приштина прогласи независност скоро пред три месеци. По трилатералниот состанок во четвртокот (15-ти мај) во Екатеринбург помеѓу министрите за надворешни работи на трите земји, Лавров рече: „Ние сметаме дека [Косово] треба да биде решено исклучиво според меѓународното право. Едностраната декларација за Косово се коси со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“.

Исто така во средата, Србија го објави своето противење на плановите на НАТО за обука на косовските безбедносни сили. Началникот на српскиот Генералштаб, Здравко Понос, ја истакна оваа позиција на маргините од редовниот состанок на началниците на генералштабовите на 26-те земји-сојузнички во НАТО во Брисел. Тој, сепак, истакна дека без оглед на разликите што Србија ги има со повеќето членки на НАТО во врска со статусот на Косово, Белград ќе продолжи да соработува со алијансата во реформата на својата војска. (ИТАР-ТАСС, БТА, Вести - 15/05/08; AП, РИА Новости, Бета, Танјуг, Блиц - 14/05/08)