14/05/2008
ХАГ, Холандија -- Трибуналот на ОН за воени злосторства во вторникот (13-ти мај) објави дека го пренесе босанскиот Хрват Винко Мартиновиќ да го одлежи останатиот период од 18-годишната затворска казна во Италија. Мартиновиќ, познат и како Стела, бил командант на подединицата на Баталјонот на осудениците при Хрватскиот одбранвен совет, која се обиде да ги истера босанските муслимани од западниот брег на Мостар во периодот помеѓу април 1993 и април 1994 година. Судот го осуди во март 2003 година за присилно протерување на муслиманите од нивните домови и во затвор „каде што морале да копаат ровови или да ги носат ранетите или мртвите војници, и да служат како човечки штитови на првата борбена линија“. Во мај 2006 година судот ја отфрли жалбата и ја потврди 18-годишната затворска казна. Италија е една од 15-те земји во Европа која се пријави доброволно да ја спроведе казната на Хашкиот трибунал. (УПИ, веб-страница на ОН, Дневни аваз, ОНАСА, Вијести, Index.hr - 13/05/08)