Возачите на камиони што штрајкуваат го блокираа кружниот пат во Букурешт

14/05/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Повеќе од 150 камиони го блокираа кружниот пат околу Букурешт со нивните возила во вторникот вечер (13-ти мај). Возачите се заканија дека ќе го блокираат сообраќајот во центарот на Букурешт ако нивните барања за отстранување на патарините не бидат исполнети. Тие, исто така, сакаат поголема транспарентност во наплатата на трошоците за горивото и модернизација на останатите области. Премиерот Калин Попеску Таричеану и министерот за транспорт, Лудович Орбан, одбија да разговараат за нивните барања. Протестот во вторникот се одржа веднаш по слично вакво дејство претходниот ден. Пред еден месец шпедирерите одржаа серија протести во Букурешт и 18 други градови ниц целата земја. Тие беа против владините мерки за наплаќање двојни патарини -- една за националните патишта и една за автопатите. Возачите на камиони велат дека Романија е единствената земја на ЕУ што двапати наплаќа трошоци. (Nine O'clock - 14/05/08; Meдиафакс, Ромпрес, Hotnews.ro, Aнтена 3 - 13/05/08)