14/05/2008
AНКАРА, Турција -- Парламентот во вторникот (13-ти мај) ја отфрли иницијативата за недоверба на владата, во врска со митингот за Први мај во Истанбул претходно овој месец. Опозициската Републиканска народна партија ја покрена иницијативата минатиот месец, обвинувајќи ја владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) дека ја охрабрува полицијата да користи сила против демонстрантите. Иницијативата не доби широка поддршка, бидејќи АКП има 340 од 550 места во парламентот. (Заман - 14/05/08; Тајмс оф Индија - 13/05/08)