Брисел ја предупреди Бугарија за лошото раководење со средствата на ЕУ

14/05/2008

СОФИЈА, Бугарија -- Европската комисија (ЕК) бара од Министерството за финансии да обезбеди листа на претпријатија кои се фатени дека ги кршат финансиските процедури на ЕУ, како и на претпријатијата што се осомничени дека го прават тоа. Во вторникот (13-ти мај) владата го објави целиот текст на писмото испратено минатата недела од страна на Мајкл Ли, генералниот директор на Генералниот директорат за проширување во ЕК. Ли му напиша на заменик-министерот за финансии, Димитар Ивановски, кој беше и претставник на земјата за авторизација за средствата на ЕУ. ЕК вели дека мерките што досега се преземени не ги исполнуваат условите наведени во писмото на Ли на 28-ми февруари, и не обезбедуваат доволна основа за заклучок дека договорите за финансиските средства на ЕУ се законски и одговараат на соодветните регулативи. Тој, исто така, препорача да се отпуштат менаџерите на програмите за користење на предпристапните фондови. ЕУ ги укина исплатите за Министерството за финансии и Министерството за регионален развој и јавни работи во јануари. (Софија ечо, Фокус - 13/05/08)