05/05/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Водачот на Српската социјалистичка партија (СПС), Ивица Дачиќ, во саботата (3-ти мај) рече дека неговата партија нема да коалицира со Демократската партија (ДС) и Либерално-демократската партија (ЛДП) по изборите следната недела. „Шпекулациите за договор помеѓу СПС, ДС и ЛДП се научна фантастика, бидејќи СПС не може никогаш да биде во коалиција со партии кои водат антивладина и антинационална политика“, рече Дачиќ на изборниот состанок во Пожаревац.
Во меѓувреме, водачот на Нова Србија (НС), Велимир Илиќ, во неделата рече дека со оглед на тоа што Србија го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со ЕУ, нема шанси за владина коалиција со ДС. Претседателот Борис Тадиќ, водач на ДС, во неделата рече дека изборите на 11-ти мај им овозможуваат на граѓаните да одлучат дали ќе го поништат ДСА. (Данас - 05/05/08; ФоНет, Б92, Блиц - 04/05/08)