Црногорскиот министер за одбрана вели дека странските мисии се добри за земјата

04/05/2008

ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Распоредувањето војници во мисиите во странство ќе ја позиционира Црна Гора на меѓународната политичка сцена и ќе ја покаже нејзината посветеност на глобалниот мир, рече во саботата (3-ти мај) црногорскиот министер за одбрана, Боро Вучиниќ, во интервјуто за подгоричкиот весник Вијести. Тој додаде дека црногорскиот одбранбен систем е посветен на заштита на националната безбедност, како и на регионалната соработка и пошироко. Вучиниќ рече дека ако земјата има корист од колективната безбедност, таа треба да придонесе за истата. Според министерот, прашањето на распоредувањето војници во мисиите во странство претставува професионален предизвик и шанса војниците да напредуваат во нивните кариери и скалата на платеност. (Вијести - 03/05/08)