Бериша се состана со водачот на Албанците во Македонија

02/05/2008

ТИРАНА, Албанија -- Премиерот Сали Бериша во четвртокот (1-ви мај) во Тирана се состана со Мендух Тачи, водачот на Демократската партија на Албанците во Македонија. Тие разговараа за престојните избори таму. Бериша ги повика етничките Албанци да се погрижат за мирен и демократски изборен процес, додека Тачи го увери дека неговата партија се залага за избори што ќе ги исполнат сите европски стандарди. Тој, исто така, му честиташе на Бериша за неодамнешната покана за членство на Албанија во НАТО, потврдувајќи дека иднината на балканските земји е НАТО и ЕУ.

Во другите вести од четвртокот, албанската влада објави дека ќе скрати 600 работни места во две министерства во обид да го намали буџетот. Набљудувачите очекуваат кратење во Министерството за образование и Министерството за социјални работи, транспорт и телекомуникации. (Шекули - 02/05/08; Балканвеб, Топ-ченал - 01/05/08)