29/04/2008
АНКАРА, Турција -- Министерот за надворешни работи Али Бабаџан рече дека Турција нема да се обиде да воспостави поблиски врски со курдските водачи во северен Ирак за да се спречат членовите на терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК) да најдат засолниште таму. „Имавме одредени недоразбирања во врска со терористичката организација ПКК. Но, во следните денови може да очекуваме интензивни контакти на различни нивоа со администрацијата во северен Ирак“, рече Бабаџан на прес-конференцијата во понеделникот (28-ми април), по состанокот со новозеландскиот министер за надворешни работи, Винстон Питерс, во Анкара. Бабаџан рече дека се надева оти Турција и администрацијата во северен Ирак може да се пофалат со економската соработка, особено во енергетскиот сектор. (Заман, Хуријет - 29/04/08; AФП, СНН Турк, Тркиш прес, НТВ, Хуријет - 28/04/08)