23/04/2008
ПРИШТИНА, Косово -- Словачкиот министер за надворешни работи, Јан Кубис, го потврди противењето на неговата земја на независноста на Косово за време на посетата таму во вторникот (22-ри април). „Ставот на нашата земја останува непроменет: Решението за конечниот статус на Косово не дојде преку Советот за безбедност на ОН, кон кој Словачка има обврска“, рече Кубис. Но, тој додаде дека Словачка ќе продолжи со придонесот во мисиите КФОР И ЕУЛЕКС и е отворена за економско и социјално партнерство со Косово. Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, од своја страна инстистираше на тоа дека Словачка треба да го преиспита својот став и да се придвижи кон признавање на Косово. Кубис, исто така, се состана со умерениот водач на косовските Срби Оливер Ивановиќ. (Коха Диторе, Експрес, Зери - 23/04/08)