Лајчак ги повика босанските политичари да се фокусираат на критериумите за затворање на ОХР

22/04/2008

ВИЕНА, Австрија -- Во говорот во понеделникот (21-ви април) високиот претставник во Босна и Херцеговина (БиХ), Мирослав Лајчак, истакна дека исполнувањето на условите за потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) не значи крај за обврските на ЕУ. Тој рече дека политичарите треба да се фокусираат на исполнувањето на критериумите потребни за затворање на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) засекогаш. Во својата изјава во Виена, на конференцијата за европските шанси на БиХ, Лајчак истакна дека Советот за спроведување на мирот идентификувал пет главни прашања кои треба да се решат во наскоро време со цел затворање на ОХР -- поделба на државниот имот, решение за воениот имот, завршување на Конечната одлука за Брчко, фискална одржливост и спроведување на владеењето на законот. (веб-страница на ОХР, РТРС, Фена, НТВ Хајат - 21/04/08)