Советот за безбедност на ОН ќе дискутира за Косово

21/04/2008

ЊУЈОРК, Соединетите Американски Држави -- Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, и шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, ќе ги претстават своите тримесечни извештаи за Косово пред Советот за безбедност на ОН в понеделник (21-ви април). Се очекува во извештајот на Рикер да се каже дали УНМИК ќе го продолжи својот мандат во согласност со Резолуцијата 1244 на ОН, но ќе ги земе предвид неодамнешните настани, вклучително и независноста од Србија. Косовскиот премиер Хашим Тачи и српскиот претседател Борис Тадиќ, исто така ќе присуствуваат на седницата. Исто така во саботата, претседателот Фатмир Сејдиу рече дека е оптимист во врска со интеграцијата на Косово во меѓународните структури.

Во другите вести, по десетмесечна пауза, Приштина и Белград во неделата објавија дела ќе го продолжат својот дијалог за исчезнатите лица. Водачот на косовскиот преговарачки тим, Пајазит Нуши, рече дека следниот состанок ќе се одржи в среда во Белград, под надзор на Црвениот крст. (Коха Диторе, Експрес, Лајм, Топ-ченал, РТК - 21/04/08; Косовалајв, РТК - 20/04/08; КИК - 19/04/08)