20/04/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Претседателот Борис Тадиќ во петокот (18-ти април) рече дека ако мора да бира помеѓу Косово и членството во ЕУ, ќе го избере интегритетот на земјата. За време на интервјуто со белградскиот неделник „Стандард“, тој истакна дека Србија не се соочува со ваква одлука, бидејќи „има земји во ЕУ што никогаш нема да ја признаат независноста на Косово“. Тадиќ рече дека кога ќе излезе пред Советот за безбедност на ОН в понеделник, тој ќе им каже на членовите дека никој нема право да ја спречи Србија да го брани својот интегритет, ниту да ја загрози европската интеграција на земјата. (Блиц, Бетa - 19/04/08; Ројтерс - 18/04/08)