Црна Гора започна процедура за апликација за членство во ЕУ

18/04/2008

ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Вицепремиерот задолжен за интеграција во ЕУ, Гордана Ѓуровиќ, во четвртокот (17-ти април) објави дека Црна Гора започна процедура за станување членка на Унијата. Таа објасни дека предлог-апликацијата за членство во ЕУ е подготвена. Следниот чекор во процесот е добивање кандидатски статус. Во тек се консултации со партнерите на ЕУ, во надеж дека ќе се обезбеди доволно поддршка за нејзината кандидатура, додаде Ѓуровиќ. (Република, Макфакс, ХИНA - 17/04/08)