Амнести интернешнал ја повика ЕУ да ја убеди Хрватска да ги суди случаите на воени злосторства

16/04/2008

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Групата за човекови права Амнести интернешнал во вторникот (15-ти април) рече дека ЕУ треба да изврши притисок во Хрватска за судење на воените злосторници. Ирене Кан, шеф на организацијата, вели дека Брисел треба да преземе дејства и да загарантира дека ќе им се суди на сите воени злосторници, без оглед на етничката припадност. Таа рече дека хрватските судови и понатаму покажуваат етнички предрасуди, при што нивното внимание е претежно насочено на злосторствата извршени од страна на етничките Срби, додека случаите на злосторства извршени од етничките Хрвати не се решаваат. (Ројтерс, ЕУОпсервер, Javno.com, РИА Новости - 15/04/08)