Косовската влада започна да подготвува закони спроведувајќи го планот на Ахтисари

18/01/2008

ПРИШТИНА, Косово, Србија -- Владата во четвртокот (17-ти јануари) одлучи да започне со подготовките на законите што произлегуваат од планот на поранешниот претставник на ОН, Марти Ахтисари, за надгледувана независност. Вицепремиерот Хајредин Куци рече дека пакетот на крајот ќе биде доставен до парламентот и разгледан на специјална седница. Советот за безбедност на ОН во средата повторно не успеа да договори заеднички став во врска со иднината на покраината. (РТК, РФЕ, Танјуг, Косовалајв - 17/01/08)