Регионални извори

Кој е кој, Избори

Генерал мајор Ричард Вајтмен Јр

висок воен претставник, Штаб на НАТО Сараево

(Фена, ДПА, веб-страница на Штабот на НАТО во Сараево)
photo

Американскиот генерал мајор Ричард Вајтмен Јр. ја презеде должноста на висок воен претставник во Штабот на НАТО во Босна и Херцеговина (БиХ) од американскиот бригаден генерал Луис Вебер на 6-ти октомври 2006 година.

Роден во Волтам, Масачусетс, Вајтмен дипломирал историја на Државниот колеџ Фрамингам, а магистрирал на воена уметност и наука, на Колеџот на американската команда и генералштаб. Го завршил колеџот за офицери инженерци, армиска команда и генералштаб и Армискиот воен колеџ.

Тој се приклучил на Воздухопловната пешадија во јуни 1968, а 14 месеци подоцна бил назначен за Втор поручник инженерец. Вајтмен бил водач на вод и помошник С-3 во 18-тиот Инженерски баталјон (БН) во Форт Девенс, Масачусетс, пред да замине за Виетнам, каде што вршел командни и штабни позиции во 48-мата Транспортна група и 91-вата Борбена поддршка БН. Потоа ја напуштил активната служба во јули 1972 година.

Тој се приклучил на 101-вата Инженерија БН на 26-тата Јенки дивизија (Армиската национална гарда на Масачусетс) во септември 1974 година и потоа бил избран да ја претставува Армиската гарда на двегодишната Група на резервна компензациска системска студија во ОСД, Пентагон.

По завршувањето на колеџот на Американската армиска команда и генералштаб во Форт Ливенворт, Вајтмен се приклучи на 418-тата БН за цивилни работи во Канзас сити, Мисури, и стана командант на единицата 18 месеци подоцна. Потоа замина за Американскиот армиски воен колеџ и по дипломирањето се врати во Канзас Сити како офицер за логистички операции на Група за поддршка на 917-тиот корпус, преземајќи ја командата на единицата во јули 1991 година.

Три години подоцна тој се приклучи на Командата на армиската област на 19-тото бојно боле (ТААКОМ) во Дес Моинес, Ајова, како офицер за безбедност, планирање и операции. Подоцна беше помошник началник на штаб, персонал во 310-тата ТААКОМ, Форт Белвоар, Вирџинија, пред да стане заменик командант за мобилизација во главниот штаб на Командата за воен сообраќаен менаџмент во Фолс Чрч, Вирџинија, во јули 1996 година.

Во јуни 1998 година тој се приклучи на армијата како помошник заменик началник на штаб за логистика (мобилизација и обука) во Канцеларијата на заменик началникот на штабот за логистика, во Пентагон. Една година подоцна Вајтмен ја презеде позицијата на генерал командант на 143-тата Транспортна команда, во Орландо, Флорида, каде што служеше до неговиот избор за воен извршен претставник во Одборот за политика на резервните сили и воен советник на претседавачот, РФПБ, во Канцеларијата на секретарот за одбрана во февруари 2001 година. Три години подоцна тој стана заменик-командант на Здружениот центар на воени борци/Заменик тренер на здружените сили (Ј-7), американска команда на здружените сили, Суфолк, Вирџинија.

На преземањето на должностите од Вебер на 6-ти октомври 2006 година, Вајтмен рече дека негови главни приоритети се апсење на шесте воени злосторници во бегство кои ги бара Хаг и продолжувањето на одбранбените реформи во БиХ.

Вајтмен е оженет и има пет деца.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива