Регионални извори

Кој е кој, Избори

Филип Вујановиќ

претседател на Црна Гора

(Веб-страница на црногорскиот парламент, веб-страница на Демократската партија на социјалистите; новински агенции и телеграфски служби )
photo

Филип Вујановиќ беше избран за претседател на Црна Гора на 11-ти мај 2003 година. Поранешниот претседател на парламентот на Црна Гора и поранешен премиер, Вујановиќ стана прв претседател на републиката по формирањето на заедницата Србија-Црна Гора. Тој се здоби со позицијата освојувајќи огромно мнозинство од гласовите во третиот изборен обид извршен во рок од шест месеци. Претходните два обиди беа поништени поради нискиот одѕив на гласачите на изборите.

Вујановиќ е роден на 1-ви септември 1954 година во Белград, а дипломирал на Правниот Факултет, исто така во Белград, во 1978 година.

Од 1978 до 1981, Вујановиќ работел во локален суд, а потоа како функционер во Окружниот суд во Белград.

Во периодот од 1981 година, Вујановиќ работи и живее во Подгорица. По една кратка задача како секретар во Окружниот суд во Подгорица, тој работи како адвокат с? до март 1993 година, кога беше назначен за министер за правда во кабинетот на премиерот Мило Ѓукановиќ. Вујановиќ беше на таа функција до март 1995 година, кога беше назначен за министер за надворешни работи сё до февруари 1998 година.

Неколку месеци по освојувањето на претседателските избори во Црна Гора, во јули 1997 година, Ѓукановиќ го предложи Вујановиќ за функцијата премиер. Вујановиќ беше премиер во периодотод февруари 1998 до април 2002 година, кога поднесе оставка среде владината криза, поради договорот со Србија за преструктуирање на земјата во слободна унија на две држави.

На наредните парламентарни избори одржани во октомври 2002 година, Вујановиќ стана претседател на парламентот.

Вујановиќ е потпретседател на Демократската партија на социјалистите на Ѓукановиќ која стреми кон независност.

По неговата победа на изборите, Вујановиќ како главни приоритети ги истакна влезот во ЕУ и влезот во програмата на НАТО Партнерство за мир . "Јас ќе бидам претседател на сите граѓани, кој ќе ја води Црна Гора кон ЕУ", рече Вујановиќ, ветувајќи им на симпатизерите дека ќе свика референдум за независност во рок од три години.

Вујановиќ е оженет и има две ќерки и еден син.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива