![]() |
Де Хуп Шефер е роден на 3-ти април 1948 година во Амстердам. Дипломирал право на универзитетот Лејден во 1974-та година. Во текот на наредните две години го отслужил воениот рок во Кралските воздушни сили на Холандија и бил демобилизиран како резервен офицер.
Тој стана член на министерството за надворешни работи на Холандија во 1976 година, при што во текот на неговата десетгодишна дипломатска служба, тој извршувал различни функции. Бил секретар во Холандската амбасада во Акра, Гана, од 1976 до 1978 година, а потоа добил позиција во Постојаната делегација на НАТО во Брисел, каде бил одговорен за прашања поврзани со планирање на одбраната. Откако ја завршил својата должност во 1980 година, де Хуп Шефер бил Личен секретар на четири последователни министри за надворешни работи до 1986 година.
По парлментарните избори во Холандија во 1986 година, де Хуп Шефер бил избран во Претставничкиот Дом како кандидат на Христијанската демократска алијанса (ЦДА), при што станал претставник за надворешна политика во Домот. Тој, исто така, бил член на постојаните комисии за правда, европски работи и одбрана во парламентот, а од 1989 до 1994 година бил претседател на постојаната комисија за соработка за развој.
Од 1986 до 1994 година, де Хуп Шефер бил член на Парламентарните собранија на Советот на Европа и на Западноевропската Унија. Во наредните три години тој бил член на Северноатлантското собрание.
Откако скоро две години беше заменик-претседател на ЦДА, во 1997-та година де Хуп Шефер го презеде претседателството на партијата. Во октомври 2001 година тој поднесе оставка и беше наследен од Јан Питер Балкененде. По победата на ЦДА на изборите во мај 2002-та година, де Хуп Шефер беше назначен за министер за надворешни работи.
Поздравувајќи го назначувањето на де Хуп Шефер како негов наследник, Лорд Робертсон рече дека тој доаѓа во време на радикална трансформација на НАТО, кога Алијансата настојува да се приспособи на новата одбрамбена средина. Де Хуп Шефер е „вистинскиот човек кој ќе се погрижи НАТО да остане најуспешната светска одбрамбена алијанса“, рече Робертсон.
Де Хуп Шефер говори француски, германски и англиски јазик. Тој е оженет и е татко на две ќерки.