Регионални извори

Кој е кој, Избори

Георги Парванов

Претседател на Република Бугарија

(УПИ, Медијапол.бг; Ројтерс, БТА; Веб страница на Бугарската Социјалистичка Партија)
photo

Георги Парванов е избран за Председател на Република Бугарија на 18 ноември 2001 година. Водачот на Социјалистичката Партија станува првиот бивши комунст кој победува на председателски избори по паѓањето на комунизмот во Бугарија во раните деведесетти. Предизборната кампања се одвива под мотото "јас сум на ваша страна" и посебен акцент се става на социјалните прашања. Поддршката на неговата кандидатура е двапати поголема од онаа што неговатата партија ја добива на парламентарните избори 5 месеци предходно.

Роден на 28 јуни 1957, Парванов се вклучува во Бугарската Комунистичка Партија (БКП) во 1981 година. Во 1989 БКП го менува својот председател Тодор Живков, и отприлика една година подоцна го менува името во Бугарска Социјалистичка Партија (БСП). За првпат избран на некоја партиска позиција во 1991, Парванов се искачува високо горе по стрмната партиска хиерархија за да на крајот, во декември 1996 биде избран за председател на БСП. Тој застанува на местото на Жан Виденов чија дискредитирана влада е сменета после едномесечните улични протести. Нешто помалку од два месеца потоа, прекршувајки ги правилата на партијата, Парванов и номинираниот премиер на БСП Николај Добрев, се повлекуват од мандатот формирајки нова влада со што би се спречиле кризите кои се во ескалација.

Овој потег им става крај на кризите и ја праќа БСП во опозиција, но му обезбедува на Парванов почит од народот, репутација на избалансиран политичар и го сместува меѓу најпрепознатливите претставници на бугарската политичка класа. Како реформер, тој оттогаш ги фокусира своите напори кон трансформирање на БСП во европски тип на социјал-демократска партија.

За време на бомбардирањето на Југославија во 1999, Парванов и неговата парламентарна група гласаат против резолуцијата дозволувајки му на НАТО пристап на бугарскиот воздушен простор. Една година подоцна, лидерот на солијалистите и изјавува поддршка на неговата партија за надворешно-политичката цел на Бугарија да се вклучи во ЕУ и во НАТО.

По победата на изборите, Парванов ја потврдува својата преданост да работи за остварување на овие цели. Тој верува дека Бугарија треба исто така да ги обнови своите врски со традиционалните партнери од минатото, како што се Русија, Украина и др. Ветувајки дека ќе работи во блиска соработка со било која легитимна влада, Парванов ветува дека ќе биде претседател на сите Бугари, нагласувајки ја исто така потребата за посилна улога на државата и дека треба да се врати довербата на народот во државата. Положбата на бугарскиот претседател, во главно од церемонијална природа, има ограничена моќ, но е важна за навремено функционирање на сите институции, како и за меѓународен имиџ на земјата. Историчар по професија, Парванов е исто така автор на многубројни статии и есеи. По дипломирањето на универзитетот во Софија 1981 работи како истражувач се до 1991.

Женет е со Зорка Парванова, која работи како истражувач во Бугарската Академија на Науките. Парванови имаат два сина.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива