![]() |
Воислав Коштуница беше избран за премиер на Србија на 3-ти март 2004 година, на предвремените парламентарни избори оддржани на 28-ми декември 2003 година, во кои ниту една од партиите не освои доволно гласови за сама да формира влада. Малцинската влада, формирана по неколку неделни преговори за коалицирање, е составена од членови на конзервативната Демократска Партија на Србија (ДСС) на Коштуница, либералната Г17 Плус и коалицијата на Српското движење за обнова и Нова Србија. Таа, исто така, има и поддршка од Социјалистчката Партија на Србија на поранешниот југословенски претседател, Слободан Милошевиќ.
Коштуница e роден во Белград vo 1944 година, a дипломирал на Правниот факултет во Белград во 1966 година. Во 1970 година се здобил со звање магистер и започнал да работи како помлад асистент. Во 1974година станал доктор на науки. По краток период, за време на политичката чистка во универзитетот, тој го губи своето предавачко место. Од 1974 година работел на Институтот за социологија, а во 1981 година почнал да работи во Институтот за филозофија и социјална теорија.
За разлика од поголемиот број политичари во Србија, Коштуница никогаш не бил член на Комунистичката партија. Во 1989 година, тој помогнал во основањето на Демократската Партија, заедно со починатиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, кој беше убиен во март 2003 година. Коштуница ја напушти партијата затоа што сметаше дека нејзината платформа не е доволно националистичка. Тој потоа во 1992 година, ја основа ДСС и оттогаш е на нејзиното кормило. Како пратеник во Српскиот парламент во периодот од 1990 до 1997 година, тој гласно ги критикуваше Милошевиќ и меѓународната заедница, тврдејќи дека водат политика штетна за српските интереси.
Коштуница кој се опишува себе си како умерен националист, се смета за една од најконтроверзните фигури на Балканот. Како мек професор по право, кој се држи до своите принципи без оглед на политичките околности, на 24-ти септември тој го зачуди светот, соборувајќи го Милошевиќ на претседателските избори после 13 години власт. Коштуница се повлече од функцијата претседател на Југославија во февруари 2003 година. Неговата оставка произлезе од европскиот поддржаниот Белградски договор, кој ја постави основата за укинување на поранешна Југославија и создавање на новата потесна унија Србија-Црна Гора.
Кога ја претставуваше својата владина програма во Српскиот парламент на 2-ри март 2004 година, Коштуница ги истакна статусот на косовските Срби, српско-црногорските односи во рамките на државната унија, борбата против корупцијата и економијата како главни приоритети. Тој вети дека ќе ја води земјата на патот за членство во ЕУ, велејќи „ во моментов нема друга алтернатива за Србија-Црна Гора освен да продолжи по европскиот пат“.
Коштуница е оженет.