![]() |
Бранко Црвенковски беше избран за претседател на Македонија на 28-ми април 2004 година, во вториот круг од претседателските избори. Предвремените избори беа одржани поради смртта на поранешниот македонски претседател, Борис Трајковски, во авионска несреќа на 26-ти февруари 2004 година.
Црвенковски е роден на 12-ти октомври 1962 година во Сараево, Босна и Херцеговина. Во 1986 година дипломирал на отсекот за информатика и автоматизација на Електротехничкиот-факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Црвенковски беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија на првите повеќепартиски избори во поранешна Југославија во 1990 година, по неколку години работен стаж како шеф на оддел во претпријатието Семос во Скопје.
Црвенковски, поранешен комунист, е на чело на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од април 1991 година.
На 5-ти септември 1992 година Бранко Црвенковски стана првиот премиер на Македонија понејзиното осамостојување од Југославија, а доби уште еден четиригодинишен мандат поизборите во декември 1994 година.
Бидејќи широката опозицона коалиција предводена од СДСМ на Црвенковски извојува победа на парламентарните избори на 15-ти септември 2002 година, Црвенковски беше предложен од неговата партија за премиер и на 7-ми октоври од страна на поранешниот претседател Борис Трајковски му беше доверен мандатот за формирање на нова влада во земјата.
Владејачката СДСМ го предложи Црвенковски како свој кандидат за претседател на изборите на 14-ти април. Поради малиот одѕив на гласачите, Црвенковски и неговиот против-кандитат, Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ, се соочија во вториот круг на изборите, кој се одржа на 28-ми април. Црвенковски победи со добиени 63 отсто од гласовите. „
Добрите меѓуетнички односи претставуваат стожер на стабилноста во Македонија“ и „најкраткиот пат да станеме дел од процесот за европска и евро-атлантска интеграција“, рече Црвенковски во неговото инаугуративно обраќање пред парламентот на 12-ти мај.