Регионални извори

Кој е кој, Избори

Ерхард Бусек

Специјален Координатор на Пактот за Стабилност за Југоисточна Европа

(Официјален Вебсајт, ЕвроАктив.ком, Европски Форум Алпбах 2002)
photo

Поранешниот Австриски Вице Премиер Ерхард Бусек ја превзема функцијата на Специјален Координатор на Пактот за Стабилност за Југоисточна Европа на 1 јануари 2002.

Во 1963 тој се здобива со диплома од право од Универзитетот во Виена. Ја започнува својата професионална кариера во 1964, како правен советник на асоцијацијата на парламентарци од Австриската Народна Партија. По 1968, Бусек работи на разни позиции, вклучувајќи ја онаа на генерален секретар на Австриската Федерација за трговија и стокова размена; генерален секретар на Австриската Народна Партија; заменик градоначелник на Виена; Министер за Наука и Истражување и Министер за Образование.

Во 1991,избран е за претседател на Австриската Народна Партија. Бусек е заменик премиер на Австрија од 1991 до 1995. Тој е претседател на Австрискиот Колеџ од април 2000.

На 12 ноември 2001, министрите за надворешни работи на ЕУ го назначуваат Бусек за наследник на германскиот дипломат Бодо Хомбах како Специјален Координатор на Пактот за Стабилност. Во времето на неговото наименување, Бусек работи како уредник на месечниот весник Виенер Журнал, претседател на Институтот за Дунав и Централна Европа, член на комитетот на ЕУ за образование, и координатор на Југоисточната Европска Кооперативна Иницијатива (ЈЕКИ).

Бусек има одржано многу предавања на различни прашања од странската и домашната политика, и во времето кога станува Специјален Координатор на Пактот за Стабилност, Бусек е на функцијата визитинг професор на Пракса на Студиите по Јавна Политика на Дук Универзитетот, и ко-претседател на Комисијата за Радио и Телевизиска Политика: Централна и Источна Европа.

Во март 2002, Бусек ја презентира пред министрите за надворешна политика на ЕУ политиката и оперативните приоритети на Пактот за Стабилност за годината, ставајќи акцент на потребата за зголемена регионална своина на Пактот и поголема ефективност на проектите за развој,како и ветувајќи повеке резултати и помалку зборување. Тој исто така предлага и промена во политиката -- наместо големи проекти со сложена и долга имплементација, Бусек преферира да види помали и конкретни проекти кои може да бидат бргу имплементирани и насочени кон зајакнување на меѓу-граничната соработка. Некои од другите приоритети кои Бусек ги подвлекува вклучуваат решавање на енергетските и граничните проблеми и промовирање на враќањето и интеграцијата на бегалците. Новиот специјален координатор исто така се завзема ЕУ да направи "јасна мапа" за интеграција на балканските држави во ЕУ.

Бусек, роден на 25 март 1941 во Виена, е автор на многу публикации, има почесна титула на Доктор Онорис Кауза која му е доделена од повеќе универзитети, вклучително од Полскиот Универзитет од Краков и Словачкиот Универзитет од Братислава.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива